Дрита Ислами го подобри државниот рекорд на 400 метри со пречки

На националната арена „Тодор Проески“ се одржа Државното атлетско првенство за младинци. На натпреварот беше дозволено да настапат, надвор од конкуренција и сениорите, со оглед на тоа дека ни претстојат многу меѓународни натпревари каде што треба да изборат соодветни норми, со оглед на тоа што е олимписка година и треба да се направи избор за патници на Олимпијадата во Токио.

Во центарот на вниманието се најде Дрита Ислами која после три години успеа да го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки со резултат од 58.66 по ИААФ бодови за оваа година.