Елмас се договори за премин во Фиорентина

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас најверојатно ќе ја напушти екипата на РБ Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, а неговата желба е повторно да игра некој италијански клуб.

Според последните информации, 26-годишниот офанзивен играч за врска во изминатите денови бил понуден на Фиорентина, која ја разгледува можноста за негов ангажман. Интересот од клубот од Фиренца постои, преговорите се во тек, тврдат од Италија. Претходно беше објавено дека Елмас е интересен и за Јувентус, но нема ништо конкретно од Торино.

Елмас пристигна во РБ Лајпциг во јануари 2024 година во трансфер вреден околу 24 милиони евра, а неговиот договор со германскиот бундеслигаш е со важност до 2028 година. Сепак, македонскиот интернационалец не успеа целосно да се наметне во германскиот клуб, по што беше испраќан на позајмици во Италија.