Елферсберг го изненади Леверкузен на стартот на Бундеслигата

Новата сезона во Бундеслигата започна, започна синоќа со победата на Баерн над Штутгарт (5-1), а попладнево се случи најголемото изненадување. Дебитантот во Бундес лигата Елферсберг успеа да го победи Баер Леверкузен со 3-2.
Елферсберг го направи најголемото изненадување попладнево, бидејќи на домашен терен го победи Баер Леверкузен.
Бугаринот Лукас Петков, ќе остане запишан во историјата на клубот, како стрелец на првиот гол во Бундес лигата. Тој му донесе водство на Елферсберг во осмата минута, а само минута подоцна погоди и Кемпбел. Нов шок за „фармацевтите“ следеше веднаш на почетокот на второто полувреме, кога Моква Нтусу го зголеми резултатот на 3:0.
Леверкузен се разбуди во последните 15 минути. Патрик Шик го намали дефицитот во 77. минута, додека Кофане ги постави конечните 3-2 во првата минута од судиското продолжение. Гостите, сепак, немаа време за целосен камбек.