Енди Мареј доби специјална покана за Австралија опен

Поранешниот светски тенисер број еден, Енди Мареј, доби специјална покана за учество на овогодинешниот Австралија опен.

За Мареј ова ќе биде прво учество во Мелбурн уште од 2019 година, кога соопшти дека е можно тој турнир да биде последен во неговата кариера.

„Чувствувам возбуда поради моето враќање на Австралија опен. Во минатото имав прекрасни моменти играјќи пред одличната публика во Мелбурн и нестрплив сум да повторно да излезам на теренот“, изјави тенисерот.

Директорот на турнирот во Австралија изјави дека популарната „вајлд карта“ за тенисерот од Шкотска не бил тежок избор, бидејќи Мареј е познат по својот борбен дух, страст и љубов кон тенисот.

34-годишниот Мареј досега пет пати бил финалист на Австралија опен. Четири пати загуби од Новак Џоковиќ а еднаш од Роџер Федерер.