ЕУРО 2020 – 13. Хрватска одблиску

Хрватска веќе е европска фудбалска велесила.

Фудбалската репрезентација на Хрватска ја претставува Хрватска на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, формиран во 1990 година.

Федерацијата е призната од страна на ФИФА, фудбалската репрезентација на Хрватска во минатото одиграла деветнаесет натпревари за Бановина Хрватска и Независна Хрватска во периодот помеѓу 1940 и 1944. Првиот натпревар го одиграла на 2 април 1940 година, кога ја победиле репрезентацијата на Швајцарија со 4-0 во Загреб. Подоцна со приклучувањето на Хрватска во Југославија оваа репрезентација била укината и Хрватска не настапувала самостојно, туку нејзините играчи играле за југословенската репрезентација.

Со распадот на Југославија во 1990 година, Хрватска повторно формирала репрезентација (официјалното формирање), која во 1993 официјално стана членка на ФИФА и на УЕФА. Првиот официјален натпревар во рамките на денешната држава, Хрватска го одиграла на 5 јули 1992 против Австралија. За првпат во квалификациите за едно натпреварување Хрватска учествувала во квалификациите за Европското првенство во 1996 година и се пласирала на ова натпреварување, стигнувајќи до четвртфиналето. Досега Хрватска има четири настапи на Светските првенства, а најдобар резултат им е третото место во Франција 1998 година. На Европските првенства исто така досега настапила четири пати, а најдобар резултат им е четвртфинале каде играле двапати во 1996 и 2008 година.

Најголемиот број домашни натпревари хрватската репрезентација ги игра во Загреб на стадионот „Максимир“. 

Херојот Далиќ ја препороди Хрватска

На граничниот премин меѓу Хрватска и БиХ кај местото Каменско во јули 2018 година имаше застој и за влез во Босна се чекало повеќе од еден час. Причината за гужвата е Златко Далиќ, херојот на хрватската, ама и на босанската нација каде е роден тој.

Според проценките на локалните власти, во Ливно се собрале меѓу 50.000 и 60.000 луѓе за да го пречекаат селекторот кој го направи најголемиот успех за хрватскиот фудбал. Освен локалците, во Ливно имало и Хрвати, како и луѓе од дијаспората.

За збирно место го одбраа стадионот на фудбалскиот клуб Троглав, каде Далиќ ги направил првите фудбалски чекори.

„Јас сум еден од вас и никогаш не заборавив од каде сум и каде почнав. Знам со колку трпение и емоции навивавте за хрватската репрезентација. Не сме светски прваци, но знаете дека момците дадоа сè од себе. Кога човек ќе види волку емоции кај народот, јас реков, јас сум дел од овој народ. Овој народ е мојата снага“, рече Далиќ.

Лука Модриќ е повеќе од обичен фудбалер – единствена хрватска „Златна топка“

Лука Модриќ ја освои и „Златната топка“ 2018 година, откако „Франс фудбал“ го прогласи за најдобар светски фудбалер на церемонијата во Париз. По Бразилецот Кака во 2007 година, овој престижен трофеј го освојуваа исклучиво Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Зад хрватскиот плејмејкер на Реал Мадрид се пласираа Кристијано Роналдо, Антоан Гризман и Килијан Мбапе.

„Чувството е неверојатно, особено ако се земе предвид какви играчи завршија зад мене. Свесен сум дека оваа година направив извонредни работи. Ова е година од сништа“, кажа тпгаш Модриќ, европски првак со Реал и светски вицешампион со Хрватска.

Претходно, тој беше избран за најдобар играч на Мундијалот во Русија, УЕФА го прогласи за најдобар фудбалер за сезоната 2017/18 и потоа и ФИФА му ја додели Златната топка.