ЕХФ ја проширува Лига Европа на 32 тима

Бројот на тимови кои ќе настапуваат во ракометната Лига Европа од следната сезоната ќе се зголеми од 24 на 32 екипи, а ќе има измени и во форматот на квалификации.     

Таква одлука денеска  донесе Извршниот одбор на Европската ракометна федерација (ЕХФ) на редовниот конгрес во Луксембург. Групната фаза во Европската лига од сезоната 2022/23 ќе брои 32 екипи, а ќе се игра само едно квалификациско коло. Во новиот состав фиксно место во групите ќе имаат 16 екипи, а уште 16 екипи ќе им се приклучат преку квалификациското коло. 

Извршниот одбор на ЕХФ, исто така, ги одобри регионалните лиги – СЕХА, Балтичката лига, Лига БЕНЕ и МОЛ лигата.