Жоао Феликс негира дека ќе го напушти Атлетико Мадрид

Веќе извесен период шпанските медиуми ја пренесуваат шпекулацијата дека Португалецот во редовите на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс ќе го напушти клубот.

Како причина за заминувањето се наведува незадоволството од водечките луѓе на клубот кои наводно се незадоволни од прикажаните игри на Феликс.

Меѓутоа со свое видување во јавноста излезе и самиот фудбалер кој ги негираше ваквите шпекулации и посочи дека е потполно посветен на Атлетико Мадрид и не планира никакво напуштање на клубот ова лето.

22-годишниот Жоао Феликс минатата сезона за Атлетико одигра 34 натпревари, и постигна десет гола и шест асистенции.