Жозе Мурињо ја засилува Рома со Мејтланд-Најлс од Арсенал

Фудбалскиот клуб Рома е блиску до доведување нa Ејнсли Мејтланд-Најлс, кој настапува за Арсенал.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, одлично ги познава квалитетите на 24-годишниот играч и се надева дека реализацијата на трансферот ќе се случи многу брзо. 

Наводно, понудата на клубот од Италија би била Мејтланд-Најлс да пристигне во екипата од Рим како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа да биде откупен за 10 милиони евра.

Доколку играчот ја засили Рома, тој би бил третиот Англичанец во тимот на Мурињо, после Крис Смолинг и Теми Абрахам.