Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација ќе го започне учеството во новото издание на Лигата на нации со домашниот натпревар против Швајцарија.

Фудбалската федерација денеска ги објави деталите околу влезниците за мечот кој ќе се одигра на 26. Септември. Истите ќе се продаваат од 10. септември а цената се движи од 500 до 1800 денари додека eдна ВИП влезница е 3000 денари.

Цените и достапните места по блокови ќе бидат детално прикажани на мапата на Националната арена „Тодор Проески“, преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk