Зошто Ѓоковиќ јаде од тревата кога ќе го освои Вимблдон?

Новак Ѓоковиќ викендов по шести пат во кариерата го освои Вимблдон, откако во финалето во четири сета го совлада Италијанецот Матео Беретини.

По натпреварот го видовме и традиционалниот потег на Новак – секој пат кога ќе го освои Вимблдон, тој јаде од лондонската трева. Така направи и овој пат. Многумина се прашуваат зошто го прави тоа, а Новак своевремено низ смеа кажа дека тоа го прави бидејќи е вегетаријанец. Вистината е дека сакал освојувањето на Вимблдон да го прослави различно од останатите.

„Како дете сонував дека го освојувам Вимблдон и тоа уште тогаш ми беше една од желбите кога ќе победам во финалето. Сакав да направам нешто различно, а не се сетив на некоја пооригинална идеја, па одлучив да јадам малку трева. Многумина ме прашуваат каков е вкусот… Тоа е најдобрата трева на светот.“ – рече Ѓоковиќ, кој со 20. Гренд слем го израмни рекордот кој го држат Роџер Федерер и Рафаел Надал.