Игор Ангеловски со честитка до репрезентацијата: Секоја чест, повторно ја направивте Македонија горда!

Македонската фудбалска репрезентација го победи Исланд со 3:1 во последниот натпревар од групната фаза на квалификациите за СП во Катар. Со оваа победа Македонија го потврди второто место во групата со што обезбеди бараж натпревари преку кои ќе бара пласман на Мундијалот во 2022 година.

Овај голем успех на нашите фудбалери го поздрави и бившиот селектор на репрезентацијата Игор Ангеловски кој го предводеше националниот тим на Европското првенство кое се одржа изминатово лето.Ангеловски ја испрати својата честитка преку Инстаграм пост во кој напиша: “Честитки за пласманот во бараж натпреварите за СП во Катар. Повторно ја направивте Македонија горда, секоја чест“.