Играч на Арсенал е најмладиот дебитант во Премиер лигата

Фудбалерот на Арсенал Итан Нванери е најмладиот играч кој одиграл натпревар во Премиер лигата.

Нванери дебитира за екипата на Арсенал на натпреварот против Брентфорд во осмото коло од Премиер лигата на возраст од 15 години и 181 ден. Тој влезе во игра во 92.минута од средбата. Фудбалерот на Арсенал го собори рекордот на Харви Елиот кој дебитира во Премиер лигата со 16 години и 30 дена.

Арсенал славеше победа над Брентфорд со 3:0 и се наоѓа на првото место од табелата со 18 бодови.