Интер подобар од Јуве во тест меч во Перт

Интер со 2-1 го победи Јувентус на пријателскиот натпревар во Перт, двата италијански гиганти одиграа меч со шанси и три гола и ги задоволија вкусовите на австралиските љубители на фудбалот.
Резултатот беше отворен во 20. минута кога Димарко даде гол по асистенција од Бони, Интер поведе со 1-0.
Во вториот дел Јувентус заигра подобро и тргна кон израмнување, но наместо тоа, Диуф зголеми на 2-0 за Интер.
Јуве даде гол во 85. минута преку Консеисао, но немаше време да се спаси од пораз, конечниот резултат беше 2-1 за Интер.