Кенед Фарид потпиша за Басконија

Американскиот кошаркар Кенет Фарид е нов играч на Басконија.

36-годишниот центар потпиша едногодишен договор со клубот од Виторија.

Фарид минатата сезона настапуваше за Панатинаикос, а летово играше и во Порторико за Кангрехерос де Сантурс.

Во својата кариера има настапувано и за НБА екипите Денвер, Бруклин и Хјустон, како и за московска ЦСКА.

Во минатата сезона во Евролигата, Фарид одигра 35 натпревари, на кои просечно постигнуваше 5,8 поени и бележеше 3,9 скока.