Клоп: Арсенал е добар тим но натпреварот се игра на нашиот Енфилд

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп упати пофалби кон тимот на Арсенал, но се надева дека неговиот тим ќе забележи победа на домашен терен на дерби натпреварот против клубот од Лондон.

„Немаме добри резултати во последните неколку недели. Затоа сме во оваа ситуација. Загубивме на гостувањето од Вест Хем, но и да освоевме бод, ништо значајно немаше да се смени. Знаеме дека треба да играме подобро, да се бориме. Арсенал е многу добар тим, но ние ќе играме на „Енфилд“, изјави Клоп.

„Немаше шанса тим како Арсенал да остане таму каде што беше на почетокот на сезоната. Беше јасно дека ќе се врати. Тие постигнаа неверојатни резултати, играат добро но знаат дека имаа среќа во неколку натпревари. Не сме изненадени што се наоѓаат на оваа позиција. Ние мораме да се погрижиме луѓето да знаат дека и ние сме добри“.

Црвените од Ливерпул  моментално се на четвртото место, додека Топџиите го држат петтото место од табелата во Премиер лигата.