Клоп го сака Адекеми од Салцбург

Луѓето од Ливерпул размислуваат да го привлечат фудбалерот на австрискиот Салцбург, Карим Адејеми.

Наводно, 19-годишниот Германец сака да ја промени средината и за него се заинтересирани екипите на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг. Неговата трансферна цена е околу 20 милиони евра . Договорот на играчот со клубот е до 2024 година. Адејеми во сезонава одигра 16 натпревари на сите турнири и постигна 11 гола.

Се проценува дека Ливерпул прво ќе ги испита сите опции за ангажман на Адејеми a потоа ќе испрати конкретна понуда.