Клубот на Вејн Руни прогласи стечај, може да остане без 21 бод!

Дерби Каунти објави стечај и оваа сезона би можел да испадне од Чемпионип, каде по седум одиграни кола го држи 16. место со седум бодови.

Клубот основан во 1884. година, кој го води Вејн Руни, е во огромни финансиски проблеми и веднаш му се одземени 12 бодови, а би можеле да останат и без дополнителни девет ссогласно правилата кои ќе ги прекршат со влезот во стечај.

Двократниот шампион на Англија од 1972. и 1975. година во време на кризата предизвикана од коронавирусот остана без 20 милиони фунти, што за клуб од таков калибар е огромна загуба. Сопственикот на клубот, Мел Морис договори продажба на клубот и стадионот на инвеститори минатата година, но лигата ја стопираше продажбата поради истрага околу клупските финансии. Девет месеци подоцна, продажбата беше дозволена, но тогашните инвеститори веќе не беа заинтересирани. Клубот аплицираше за помош од 8,3 милиони фунти која лигата ја нудеше на сите клубови, но и таа апликација беше стопирана поради споменатата истрага.