КМФ Проект испишти победа во вториот меч од квалификациите на ЛШ

Македонскиот првак КМФ Проект со гол во самиот финиш испушти вечерва голема победа во Лигата на шампиони во футсал, одигрувајќи нерешено 3-3 против словенечкиот тим Врхника, во рамки на 2. коло од претквалификацискиот турнир во Грац.
Ден по поразот од 6-0 од домаќинот Алтетик, македонскиот шампион одигра многу поквалитетно и беше на чекор до триумф.
КМФ Проект се најде во почетна негатива, откако Ремс му донесе водство на словенечкиот првак во 6. минута, но Благојевски израмни во 11. минута, а истиот играч во 19. минута не реализираше пенал. Казната веднаш дојде на спротивната страна кога Ремс со својот втор гол, овој пат од пенал, ѝ донесе водство на полувреме на Врхника од 2-1.
Во второто полувреме, КГМ Проект со два гола во 33. минута преку Стојанов и Крстевски дојде до целосен резултатски пресврт одржувајќи ја предноста до минута и 17 секунди до крајот на натпреварот, кога словенечкиот тим дојде до израмнување со голот на Берзелак.
Противник на КМФ Проект во завршното трето коло ќе биде израелски Макаби.