Комо е хит и сезонава, тимот на Фабрегас го освои Неапол

Комо покажа дека не е случајно во врвот на италијанскиот фудбал, тимот на Фабрегас со 1-2 победи на гостувањето кај Наполи во меч од Серија А.

Сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме, а серијата ја отвори хрватскиот фудбалер Батурина со гол во 17. минута.

Во 30. минута Хојлунд го изедначи резултатот на 1-1 и донесе радост на „Диего Марадона“.

Но, позитивната атмосфера траеше само четири минути, тогаш грчкиот репрезентативец Доувикас постигна гол за победа на Комо од 2-1.