Костески и Атанасијевиќ со повреди се вратија од Норвешка

Еурофарм Пелистер остана без двајца значајни ракометари. Ненад Костески веројатно ја заврши сезоната додека Павле Атанасијевиќ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.

Битолчани преку официјално соопштение потврдија дека тие заработиле повреди на последниот меч од Лигата на шампионите кај норвешкиот Колштад и дека ќе мора да одат на рехабилитација.

Костески има скинат вкрстен лигамент на коленото додека Атанасијевиќ заработи фрактура на носната коска.