Кошаркарите на Шпанија ја слават титулата на Европското првенство

Кошаркарската репрезентација на Шпанија го освои првото место на Европското првенство, откако во финалето ја совлада Франција со резултат 88:76.

Најдобар кошаркар во победничката екипа беше Хуанчо Ернангомез со 27 поени, додека кај Французите најефикасен беше Еван Фурније со 23 коша.

Шпанија која е актуелен светски првак, со победата во финалето во Берлин стигна до четвртото злато на европските првенства. Франција остана на едно злато освоено во 2013.година.

Во борбата за третото место Германија ја совлада Полска со 82:69.