Крстевски го замени МЗТ Скопје со Куманово

Бојан Крстевски го засили тимот на МКК Куманово.

Македонскиот суперлигаш ја договори соработката и потпиша договор со 37-годишниот центар.

Крстевски беше дел од МЗТ Скопје во изминатите седум години, а претходно го носеше дресот на Работнички Кожув, Кавала, Торус, Вардар и КК Центар.