Куман: Максимално му верувам на претседателот Лапорта

Лионел Меси во моментов е слободен играч откако му заврши договорот со Барселона минатиот месец.

Во моментов Барселона не може да го потпише новиот договор бидејќи има сериозни финансиски проблеми. Преговорите со агентите на Меси течат добро, но за договорот да биде потпишан, Барселона најпрво ќе мора драстично да ги намали расходите за плати.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман призна дека е загрижен за иднината на Меси, но сепак му верува на претседателот Лапорта кој прави се за да го задржи Аргентинецот.

„Кога се не е завршено, мора да бидеме загрижени. Сепак, јас имам верба во претседателот и тој ме уверува дека ќе ја реши оваа тема. Многу е важно за Барселона, но и за Ла Лига останувањето на Меси. Јас не сум инволвиран во преговорите, но му верувам на Лапорта“, изјави Куман.