Кутињо ќе биде новата десетка на Барселона

Барселона ќе му даде уште една шанса на Филипе Кутињо да се докаже на Камп Ноу, на Бразилецот дури му е понуден и дресот со број 10, кој 13 години му припаѓаше на Лео Меси.

Барселона со месеци се обидува да најде купец за Филипе Кутињо, последните имформации говореа за трампа со Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал, но по се изгледа нема да испадне ништо од ова.

Марка и Мундо Депортиво пренесуваат дека Каталонците ќе му дадат уште една шанса на Бразилецот да се докаже на Камп Ноу, Роналд Куман дал зелено светло за плејмејкерот да се врати во тимот.

Барса дури и му го понудила дресот со број 10, кој има посебна тежина поради фактот дека 13 години му припаѓаше на Лео Меси.