Леао претставен во Галатасарај, му припадна дресот со број 27

Фудбалерот, Рафаел Леао, од денеска е член на турскиот гигант Галатасарај. Португалскиот интернационалец ги напушти „росонерите“ по седум сезони.
Турците ќе платат фиксна сума од 38 милиони евра, без бонуси. Покрај тоа, Милан ќе задржи 20% од правата за продажба на играчот во иднина.
Леао ќе има нето плата од 10 милиони евра по сезона без бонуси. Напаѓачот ќе го носи дресот со бројот 27.