Левандовски: Не сакам споредба со Бензема

Новиот фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски изјави дека не сака новинарите да го споредуваат со напаѓачот на Реал, Карим Бензема, пренесуваат шпанските медиуми.

Левандовски пристигна во Барселона пред две недели од Баерн Минхен. Некои од медиумите во Шпанија тврдат дека Бензема и Левандовски ќе се борат за титулата најдобар стрелец во Ла Лига.

“Бензема е извонреден играч. Тоа го покажа минатата сезона во ЛШ кога со Реал ги елиминира ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити. Тој во Ла Лига игра 10 или 12 сезони, незнам точно. Бензема со сигурност е еден од најдобрите играчи на светот. Мене ме чека ново искуство во шпанското првенство и не сакам во овој момент да се споредувам со Бензема“, изјавува Левандовски.