Левандовски: Не функционираме како што треба, заслужено загубивме

Фудбалерите на Баерн Минхен вчера претрпеа изнеандувачки пораз на теренот на Аугсбург во новата рунда од Бундеслигата. Првиот голгетер на Баварците, Роберт Левандовски, вели дека неговиот тим не ги покажал вистинските квалитети.

„Не одигравме добро. Не функционираше се. Да примиме два гола за кратко време е премногу. Моравме да играме со голема брзина. Се менуваaт работите кога ќе се постигнат гол-два. Потоа противникот почнува да игра. Сега треба да гледаме напред“, изјави Левандовски кој го реализираше единствениот гол за неговиот тим. Тоа беше вкупно 101-от за него во тековнава година.