Легендарен боксер призна дека бил силуван на 13 години

Легендарниот боксер Оскар Де Ла Хоја би требало да се врати на 11. септември во рингот во борба против Витор Белфорт.

Поранешниот светски шампион во повеќе категории во моментот ја промовира претстојната борба, а во едно интервју откри и шокантен момент од неговата историја.

„Бев силуван кога имав само 13 години. Ме силуваше жена, постара жена.“ – рече Де Ла Хоја.

Тој не ја именуваше жената, но рече дека имала повеќе од 35 години и дека тоа се случило на Хаваи, каде беше на турнир.

Тој додава деак борбата беше еден од начините за справување со траумата која ја имаше поради тоа во детството.

Де Ла Хоја, олимпискиот победник од 1992. година, во боксерската кариера одработи 45 натпревари во кои забележа 39 победи (30 со нокаут). Претходно се најавуваше дека по борбата со Белфорт ќе следи борба со Андерсон Силва, а потоа, под услови се да биде во ред, има намера да го предизвика Флојд Мејведер.