Ливерпул го претстави Араухо, доаѓа на позајмица од Барса

Ливерпул го потврди најавеното засилување. Роналд Араухо ќе ја мине престојната сезона 2026/27 на „Енфилд“ како позајмен играч од Барселона, потврди тимот на „црвените“.
Уругвајскиот интернационалец кој одигра преку 200 натпреари во шпанската Ла Лига, доаѓа со огромно искуство во Ливерпул, за да му помогне на тимот да ја заборави лошата мината сезона, и да се обиде овојпат да дојде до нова титула во Премиерлигата.
„Не можам да дочекам да заиграм за овој тим. Многу сум среќен“, изјави 27-годишниот Араухо.
„Возбуден сум што ќе го носам дресот на овој историски тим. Мотивиран сум да дадам максимум за оваа екипа“, рече Араухо.
Араухо има 27 настапи за репрезентацијата на Уругвај.