Луис Енрике по поразот од Ленс: Ни недостасуваше завршница во нападите

ренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ги објасни причините за поразот на тимот во натпреварот од Суперкупот на Франција против Ленс (0:1).
„Ни недостигаше завршница. Мислам дека темпото и моделите на игра беа многу позитивни и бев многу задоволен од она што го видов во текот на натпреварот, особено во првото полувреме. Ова беше натпреварот во кој Ленс имаше најмалку шанси против нас во споредба со неодамнешните средби. Не сум задоволен од резултатот, но заслуживме повеќе. Но, морам да им честитам на Ленс; победија, играа добро, со нивниот вообичаен интензитет. Но, ми се допадна она што го видов и како играше тимот.“
Ленс не беше подобар во ниту еден аспект. Од она што го видов, бевме посилни, што е нормално; повеќе сме навикнати на играта, но со оглед на атмосферата и сè што направија, тие се бранеа многу добро. Го контролиравме натпреварот. Сакавме да имаме повеќе јасни шанси, но Осман Дембеле и Нуно Мендеш ги имаа. Одигравме многу добар натпревар, но немавме среќа“, изјави Луис Енрике по натпреварот.