Лукаку побарал Интер да ја прифати понудата на Челзи

Напаѓачот на Интер и репрезентацијата на Белгија, Ромелу Лукаку, би требало да се врати во Челзи во овој преоден рок.

28-годишниот фудбалер се обратил до раководството на Интер со барање да ја прифатат понудата на лондонскиот клуб. Интер веќе двапати ја одби понудата од Челзи, но сумата од 110-120 милиони евра може да ги убеди. Претходно беше објавено дека Лукаку се договорил личните услови со Челзи со плата од 15 милиони евра годишно. Тоа е двојно повеќе од неговата плата во Интер.

Ромелу Лукаку му припаѓаше на Челзи од 2011 до 2014 година, а игра за Интер од 2019 година. Минатата сезона, напаѓачот одигра 36 натпревари во Серија А, постигна 24 гола (шест од пенал) и даде 11 асистенции.