Лука Дончиќ: Сакам да станам МВП на НБА лигата

Кошаркарот на Далас Маверикс и репрезентативец на Словенија Лука Дончиќ во изјава за американските медиуми порачува дека сака да стане најкорисен играч во НБА лигата.

Дончиќ веќе неколку години е еден од кандидатите за МВП, но тој уште не успеал да го добие ова признание. Последниве две сезони наградата МВП му припадна на Србинот од Денвер, Никола Јокиќ.

„Пред се очекувам со Далас да се пласирам во финалето на НБА. Знам дека тоа ќе биде тешко но мора да веруваме. Огромен успех би бил доколку бидам прогласен за МВП.Тоа е огромно достигнување, и се надевам дека ќе добијам шанса за тоа“, изјави Дончиќ.