Лука Зидан се раздели со Гранада
Голманот Лука Зидан и Гранада ја завршија соработката пред истекот на договорот. Синот на легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан го напушти клубот од Андалузија, иако неговата важечка соработка беше до летото 2027 година.
Дваесет и осумгодишниот чувар на мрежата пристигна во Гранада во летото 2024 година, откако претходно го носеше дресот на Еибар, а во текот на двете сезони на „Лос Карменес“ остави солидна трага. За клубот одигра 45 натпревари во Втората шпанска лига и Купот на Кралот.
Во последната сезона Зидан беше стандарден меѓу стативите, со 26 настапи во Сегунда, на кои прими 33 голови, а осумпати успеа да ја сочува својата мрежа недопрена.
Лука, кој фудбалски се развиваше во академијата на Реал Мадрид и дури дебитираше за првиот тим на „кралевите“, во кариерата бранеше и за Реал Мадрид Кастиља, Расинг Сантандер, Рајо Ваљекано и Еибар.