Лука Станковски наместо во Монца ќе потпише за Брага?

Трансферот на Лука Станковски во Монца дефинитивно пропадна, италијанскиот клуб имаше потврда, но поради некои причини истиот не се реализираше. Сега Станковски се поврзува со нов голем клуб.

Португалската „А’Бола“ пренесува дека за 18 годишниот играч од средниот ред на Работнички интерес покажала Брага.

Во текстот се наведува дека Станковски во Брага би бил замена за Али Мусрати кој ќе замине од португалскиот клуб.

Станковски на мета на европските клубови се најде откако минатата сезона во 26 натпревари за Работнички постигна осум гола и подели пет асистенции.