Македонија против Луксембург без Манасков

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Кире Лазаров нема да може да смета на Дејан Манасков на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2024.година.

Левото крило на Вардар се здоби со повреда на првенствен натпревар со својот тим, и ќе мора да паузира одреден период, па така тој нема да настапи на натпреварот против Луксембург кој се игра на 12.октомври во Скопје.

Од таборот на репрезентацијата се надеваат дека Манасков ќе се опорави од повредата и ќе биде подготвен за дуелот од второто коло со селекцијата на Турција кој е закажан за 15.октомври на гостински терен.