Македонските одбојкари ја завршија првата фаза од подготовките

Машката одбојкарска репрезентација ја помина главната фаза пред настапот на европскиот шампионат кој ќе се одржи во Бугарија.
Првата фаза од подготовките за ЕП во Крушево машката репрезентација на Македонија ја заврши денес по што одбојкарите се слободни до понеделник попладне во Скопје, а со вечерниот тренинг во СЦ “Јане Сандански” продолжува темпирањето на формата пред ЕП.