Маласија од Феенорд се сели во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед постигна начелен договор со Феенорд за доведување на левиот бек Тајрел Маласија, објави британски Скај.

Се очекува трансферот да изнесува 13 милиони фунти, со бонуси од 1,7 милиони фунти. Договорот треба да содржи и клаузула за продажба.

Според пишувањата на медиумите, Јунајтед сега ќе разговара со агентите на холандскиот дефанзивец, а тоа би требало да биде формалност.

Маласија (22) за тимот од Ротердам настапува од 2017 година, а минатата сезона со Феенорд го играше финалето на Конференциската лига.