Малдини има 40 милиони евра за нов напаѓач

Приоритет на Милан следното лето ќе биде доведување на млад напаѓач, а Малдини ќе има солиден буџер за тоа. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Малдини одредил буџет од 40 милиони евра, а има список од три имиња.

Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Жиру е во зрели фудбалски години, па Милан сака да донесе млад напаѓач. Прво име на списокот е Ноа Окафор од Салцбург, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти. Другото име е 21-годишниот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, кој минатата сезона блесна во дресот на Саутемптон.

Расмус Хојлунд од Аталанта исто така е на списокот на Малдини, но 19-годишниот напаѓач се уште треба да го покаже својот потенцијал.