Манчестер Сити му нуди нов долгорочен договор на Родри

Екипата на Манчестер Сити планира што подолго да го задржи во своите редови  играчот од средниот ред Родри. За таа цел клубот веќе му понудил нов договор со важност до 2027 година. Актуелниот договор на играчот од Шпанија истекува во 2024 година.

Тренерот Гвардиола бил фасциниран од настапите на својот сонародник. Родри пристигна во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид и од самиот старт со своите добри игри се наметна како незаменлив играч во средниот ред на тимот.