Манчестер Јунајтед во офанзива за Рубен Невес

Манчестер Јунајтед започнува со голема реконструкција на тимот. Холандскиот менаџер Ерик тен Хаг и официјално го презеде кормилото на „Олд Трафорд“, а веќе со недели се шпекулира кој би можел да ги засили „црвените ѓаволи“ ова лето.

Според англиските медиуми, Јунајтед покажал сериозен интерес за играчот од средниот ред на Волвс, Рубен Невес.

Португалскиот репрезентативец ги исполнил критериуми на Ерик тен Хаг и според наводите раководството на клубот започна со реализација на трансферот.

Рубен Невес има одиграно преку 200 натпревари за Вулверхемптон и е еден од најважните играчи на тимот откако дојде од Порто во 2017 година.