Манчестер Јунајтед минатата сезона направи загуба од 115,5 милиони фунти

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед соопшти дека во минатата сезона оствари нето загуба од 115,5 милиони фунти, иако приходите биле зголемени за 18 одсто, односно 583,2 милиони фунти.

Финансискиот извештај покажува дека загубата во однос на минатата година е зголемена за 23,3 милиони фунти.

Клупскиот долг исто така пораснал од 419,5 милиони фунти за минатата година до 514,9 милиони фунти оваа година. Платите за играчите во клубот изнесувале рекордни 384,2 милиони фунти што претставува највисок износ во историјата на Премиер лигата. Претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити кој на играчите им исплатил 355 милиони фунти.