Манчестер Јунајтед му „краде“ договорен трансфер на Лион

Манчестер Јунајтед постигна договор со раководството на Фејенорд за трансфер на фудбалерот Тирел Маласија.

Понудата на Јунајтед за 22 годишниот дефанзивец изнесува 15 милиони евра плус 2 милиони во потенцијални бонуси.

Клубот од Олд Трафорд во последен момент понуди подобри финансиски услови од Лион кој веќе имал постигнат усмен договор со Фејенорд.

Французите за холандскиот дефанзивец понудиле 12 милиони евра и дополнителни 3 милиони евра низ бонуси.

Маласија минатата сезона во првенството на Холандија постигна еден гол и четири асистенции на 32 натпревари.