Марамчето на Меси се продава за еден милион долари

Компанијата за онлајн продажба „Меркадо Либре“ објави дека за милион долари продава марамче од хартија со кое аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги избриша очите и носот за време на збогувањето од шпанска Барселона.

Непознат продавач во објавата напишал дека, покрај солзите, шамивчето содржи и „остатоци од носот на Аргентинецот“, и дека со помош на тоа, некој може да го клонира Меси.

Рекламата привлече голем интерес од љубителите на фудбалот ширум светот, а голем број корисници на интернет на шега ја коментираа објавата.