Мароканецот Хакими вторпат позитивен на ковид-19

Ашраф Хакими кој ова лето се пресели од Интер во ПСЖ е позитивен на коронавирус.

Хакими веќе одигра еден пријателски натпревар за „светците“ во кој забележа и асистенција, но непосредно пред дуелот со Шамбли исто така од пријателски карактер добил позитивен тест. Мароканецот е изолиран и ќе го нема во составот на Покетино најмалку во наредните десет дена.

За Хакими ова е втор пат да биде позитивен на коронавирус, еднаш беше како член на Интер во октомври. Тогаш немаше никакви компликации.

Покетино се надева дека Хакими негативниот тест ќе го добие што е можно побрзо и ќе се врати на подготовките за новата сезона во која ПСЖ влегува со големи амбиции.