Марсијал ќе го скокне финалето на Купот против Сити

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал поради повреда ќе го пропушти саботното финале во ФА Купот против Манчестер Сити, соопштија од клубот во официјалното соопштение.

Марсијал се повреди на последниот натпревар на „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата откако влезе како замена против Фулам.

„Ентони Марсијал поради повреда ќе остане надвор од тимот за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. Прегледите покажаа дека станува збор за кинење на мускулот што нема да му дозволи да учествува на мечот на Вембли во сабота“, напишаа од Манчестер Јунајтед. .

Францускиот фудбалер се мачеше со повреди во текот на целата сезона, кои го ограничија на само 29 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 9 гола. Марсијал беше стартер на само 11 од тие 21 средби.