Мартин Демикелис е нов тренер на Ривер Плата

Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Мартин Демикелис е назначен за нов тренер на Ривер Плата. Демикелис досега работеше како тренер на втората екипа на Баерн Минхен.

41-годишниот Демикелис во Ривер Плата доаѓа на местото на Марсело Гаљардо кој на крајот од сезоната во аргентинското првенство реши да ја напушти тренерската позиција во клубот. 

Демикелис е поранешен играч на Ривер Плата каде своето деби го имаше во 2000 година.