Мбапе размислувал да ја напушти репрезентацијата

Килијан Мбапе во интервју за „РМС Спорт“ зборуваше за многу теми, како и за националниот тим.

Мбапе призна дека не е задоволен од начинот на кој беше третиран за време на Европското првенство и размислувал да ја напушти репрезентацијата.

„Никогаш не сум зел ниту едно евро за да играм за француската репрезентација и секогаш ќе играм бесплатно за мојата репрезентација. Пред се, никогаш не сакав да бидам проблем. Потоа дојде моментот кога почувствував дека почнав да имам проблем и дека луѓето сметаат дека јас сум проблемот. Чувствував дека можеби јас сум виновен за неуспехот и дека тие ќе победеа без мене. Најважна е француската репрезентација, и ако француската репрезентација е посреќна без мене, јас ќе заминам“, изјави Мбапе.