Мбапе се двоуми дали да го напушти ПСЖ

Звездата на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе навести дека може да остане во клубот од Париз, иако неговиот актуелен договор истекува следното лето.

Мбапе неодамна во негово интервју призна дека сакал изминатово лето да си замине од клубот со цел Парижаните да имаат доволно време да најдат квалитетна замена за него. И покрај неколкуте понуди од Реал Мадрид кој е најсериозниот кандидат за неговиот потпис, ПСЖ се одлучи да го задржи играчот до крајот на договорот.

Сега се чини дека Французинот може да остане на „Паркот на принцовите“ и по завршувањето на оваа сезона. По победата над екипата на Анжер во првенството на Франција, Мбапе објави пост на  Инстаграм во кој напиша: „Секогаш гладен за повеќе. Благодарам, ПСЖ, и стави слика на кој е заедно со сопственикот на клубот, Насер Ал-Калаифи.