Медведев сензационално елиминиран од Мастерсот во Индијан Велс

Григор Димитров направи голем пресврт во осминафиналето на тенискиот турнир во Индијан Велс и го победи првиот носител, Данил Медведев со 2:1 во сетови.

Русинот со поразот ја прекина одличната серијата од 10 победи додека Бугаринот првпат се пласира во четвртфиналето на Индијан Велс.

Димитров во наредната рунда ќе излезе на мегдан со Полјакот Хуркач.