Мексико му даде отворена поддршка на Инфантино

Фудбалската федерација на Мексико му дава поддршка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој пак се соочува со притисоци и критики откако имаше идеја за комерцијализирање на дел од Светското првенство. Тој од оваа идеја се откажа по бројните критики и зголемениот број на федерации, кои се заканија со бојкот.

Поддршката од Мексико изненадува откако конфедерацијата на КОНКАКАФ побара испитување на работата на Инфантино. Оваа поддршка доаѓа откако и неколку поголеми федерации застанаа на страната на Инфантино.

Инаку, конфедерацијата на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) порача дека нема да поддржи смена на Инфантино без одлука на сите 211 членки на ФИФА. Сличен став стигна и од Аргентинската фудбалска федерација (АФА) која го пофали потегот на Инфантино за признавање на грешката и извинување за проектот.